Соработката помеѓу двата гиганти резултираше со спектакуларна модна ревија на модната недела во Милано
Донатела Версаче накратко ја замени фотелјата во модната куќа што ја прослави нејзиниот починат брат Џани и се испроба како дизајнерка на брендот „Фенди“.
Од друга страна, дизајнерите на „Фенди“ Силвија Вентурини и Ким Џонс зачекорија во империјата Версаче и си поиграа со создавањето модели за овој бренд.
Резултатот е спектакуларна модна ревија што се одржа на Модната недела во Милано, на која се прикажани креациите на двете модни империи кои владеат со модниот свет со децении.
Како резултат на соработката помеѓу модните куќи Версаче и Фенди, се создаде брендот „Fendace“, чии модели на пистата ги прошетаа Кејт Мос, Џиџи Хадид, Наоми Кемпбел, Емили Ратајковски…
Соработката беше договорена во февруари, кога Ким и Силвија вечерале со Донатела.
– Силвија и Донатела одлично се сложуваа, па ми дојде идејата да се забавуваме. Го направивме тоа на пријателски начин и со голема почит еден кон друг, не требаше да биде ништо комерцијално – објасни Ким Џонс.
– Правиме историја! Работата со вас беше возбудлива, инспиративна и креативна – порача Донатела Версаче на Инстаграм.