РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТУВАЊЕТО НА ЕФИКАСНОСТА НА ВАКЦИНАТА Еве колку „Спутник В“ нѐ штити од делта сојот!

popara11 август, 20211min0
Screenshot_1

Руската вакцина против ковид-19 Спутник В е околу 83 проценти ефикасна против делта сојот на вирусот, што е пониско отколку што се мислеше, потврди денеска министерот за здравство Михаил Мурашко.

Производителите на вакцини во јуни објавија дека Спутник В е околу 90 проценти ефикасна во однос на делта сојот, а рускиот министер рече дека последните резултати покажуваат дека таа ефикасност е околу 83 проценти.

Мурашко, исто така, рече дека ефикасноста на вакцината Спутник В против тешкиот тек на болеста, за која е потребна хоспитализација, надминува 95%.

Директорот на Институтот Гамалеја, Александар Гинтсбург, кој ја разви вакцината, изјави денеска дека Спутник В е безбедна и ефикасна вакцина против сите познати соеви на корона вирусот.

Руските власти веруваат дека варијантата делта е одговорна за зголемувањето на случаите на коронавирусот во јуни и јули, како и неподготвеноста на населението да се имунизира и покрај широката достапност на вакцини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma