Ријалити ѕвездата која најверојатно е виновна за разделбата на Џенифер Лопез и Алекс Родригез: „Тој ме контактираше…“

17 април, 2021
Jennifer-Lopez-nas-e1618581163371

Медисон вели дека Алекс ја контактирал, но тие само размениле пораки

Ѕвездата на реалното шоу „Southern Charm“ Медисон ЛеКрој (30) им посакува сѐ најдобро на Алекс Родригез и Џенифер Лопез, пишува Page Six.

„Им посакувам сѐ најдобро“, изјави таа за гореспоменатите медиуми откако дозна дека А-Род и Џеј Ло раскинале.

Се шушкаше дека Медисон е причината за раскинувањето на славната двојка затоа што наводно имала афера со Алекс. Таа беше фатена за време на видео повик со него.

„Ме контактираше, и да, разменивме пораки, но освен тоа немаше ништо…Никогаш не сум го видела или допрела“, објасни тогаш Медисон.

Сè уште не му го вратила вереничкиот прстен

„Никогаш физички не ја изневери својата свршеница со мене“, изјави таа за „Page Six“, додавајќи дека тие двајца само разговарале на своите мобилни телефони и дека Алекс ѝ е само познаник.

Но, неименуван извор близок до А-Род изјави дека тој воопшто не знае која е Медисон.

ТМЗ објави дека Џеј Ло сè уште не му го вратила на Родригез раскошниот веренички прстен вреден 1,8 милиони долари. Наводно, двајцата сè уште не разговарале за тоа.

Извор близок на сега веќе поранешната двојка открил дека тие двајцата често си давале многу скапи парчиња накит, па Алекс веројатно нема да ја присили Џеј Ло да му го врати прстенот.

escort - Korsan taksi