Познатата пејачка прошета пред некој ден во комплет во бои на сладолед што ќе владеат оваа пролет, не само на костуми и лесни палта, туку и модни додатоци како чанти.
Ријана има и романтична страна на нејзиниот стил, а тоа го покажа со една од поновите модни комбинации.
Пејачката сака пастели, првенствено бои инспирирани од ведро небо и сладолед од јагоди.
Во нејзината гардероба има многу деликатни нијанси, а таа ги носи не само во лежерни, туку и повеќе празнични прилики.
Нежните тонови се дел од пролетните стилови, а стилистите и дизајнерите ги предлагаат од глава до пети.
Познатите пастели се различни нијанси на сладолед, од ф’стаци до кајсии и романтични јагоди.