РИЈАНА ги почести своите следбеници на Инстаграм со низа фотографии на кои позира во долна облека со интересен принт.
„Смислувам опис веќе три минути, но немам ништо да кажам“, напиша 33-годишната пејачка и претприемач заедно со фотографиите кои собраа над шест милиони лајкови.
Ријана позираше во долна облека од сопствената колекција Фенти, а пејачката го покажа и своето тренирано тело.
„Фотографија кажува милион зборови“, „Омилена“, „Неверојатно“, „Кралица. На некои работи не им треба опис“, „Какво тело“, „Кому му е потребен опис кога имаме вакви фотографии“, „ Гориш “, се само некои од коментарите.
Ријана е во врска со раперот A$AP Rocky. Иако таа сè уште официјално не ја коментирала нивната врска, тој ја нарече Ријана „љубовта на неговиот живот“ во интервју за GQ, кое го прогласи за најубав маж на светот.