Ријана на состанокот со своето момче се појави во розов фустан со висок шлиц и длабоко деколте, а повеќе од јасно беше дека го оставила брусхалтерот дома.
На главата имаше плишана розова капа, а бидејќи беше одлично расположена, воопшто не се грижеше за папараците.
Раперот и пејачката разменуваа нежности и сите се вртеа кон нив, но тоа не ги спречи да уживаат во нивната љубов. Ријана ја потврди својата врска со раперот A$AP Rocky на крајот на минатата година, по што веќе не кријат дека се пар, но ретко може да се видат во јавноста поради пандемијата.
Инаку, на почетокот на 2020 година, Ријана ја раскина тригодишната врска со милијардерот Хасан Џамил, а по само неколку месеци започнаа да кружат гласини за неа и за раперот, што на крајот се покажа како точно.
Пејачката и раперот беа пријатели со години пред тоа, а интересно е што првите гласини дека има нешто повеќе од пријателство меѓу нив се појавија во 2013 година, но раперот тогаш коментираше дека Ријана е секси, но дека не ја гледа со тие очи.