Клеопатра го негувала својот изглед на овој начин на капење.
Една од најмоќните жени во историјата секако била Клеопатра. Покрај владејачките способности, таа е позната и по својата неверојатна убавина, за нејзините древни ритуали се зборува и денес, а една од најпознатите приказни е капењето во млеко.
Имено, според историските записи, Келопатра се капела во млеко од магаре, на кое додавала лаванда, мед и ливчиња од роза.
Иако на прв поглед, капењето во млеко дава само пријатно естетско искуство, има и корисен ефект, особено за кожата.
Млечната киселина ги чисти и отстранува мртвите клетки од кожата, правејќи кожата да изгледа младешки и сјајно, додека на допир ќе стане мека и мазна.
Дека млекото е добро за кожата, поткрепува со фактот дека се додава во многу козметички препарати, како што се хидратантни креми, тоници за лице, па дури се наоѓа и во шампоните за коса.
Млечните киселини ги намалуваат брчките и позитивно влијаат на сувата кожа, поради што капењето во млеко е природен начин за негување и подмладување на вашата кожа, од глава до пети.
Како да направите купка со млеко?
За да направите купка со млеко, ќе ви требаат следниве состојки:
– 2 чаши млеко во прав (можете да користите козјо, кравјо или магарешко млеко по ваш избор)
– до десет капки есенцијално масло од лаванда
– 1 чаша крупна морска сол
– 2 лажици мед
Подготовка:
Во голем сад измешајте ги сите состојки и додадете еден литар вода. Мешајте ги состојките додека не се растопат грутките сол. Потоа истурете ја смесата во када наполнета со топла вода до половина. Промешајте со рака и додадете ги ливчињата од роза или друго цвеќе по желба.
Опуштете се и уживајте во нежната купка и заводливите мириси, а за уште поголемо задоволство можете да запалите миризливи свеќи. По оваа купка, можете да се исплакнете со млака вода.