Росана повторно ќе стане баба: Ќерката на пејачката е бремена, а го откри и полот на бебето (фото)
25 јуни, 2021
Македонската пејачка Росана Сариќ – Тодоровска ќе стане баба во вторпат.
Имено, нејзината ќерка Ивана и нејзиниот сопруг, Англичанецот Џејмс Холт повторно ќе станат родители.
Росана на својот „Фејсбук“ објави фотографии од својата ќерка и зетот кои со пукање на балони го открија полот на бебето. Ивана и Џејмс повторно очекуваат момче.
Преземено од vistina.com.mk