Пробајте го овој здрав и природен пијалок за спиење, наречен „Розова месечина“. Ќе ве смири и зајакне.
Напивка за спиење
Вкусната мешавина што го сочинува пијалокот за спиење „Розова месечина“ ќе ве воодушеви со својот вкус и ќе обезбеди топла прегратка, кога ќе дојдат постудените денови. Се вика розово месечево млеко и е вкусно, колку што е и убаво. Сепак, станува збор за нешто повеќе од напивка. Розовото месечево млеко е „функционална“ храна, што значи дека неговите состојки имаат одредени својства, кои влијаат на тоа како се чувствувате.
Се состои од горчлив домашен сок од цреша, намирница која природно го содржи хормонот за спиење – мелатонин. Значи, наместо да земате додатоци, можете едноставно да пиете малку розово месечево млеко пред спиење.
Состојки:
180 мл бадемово млеко
120 мл незасладен домашен сок од цреша
1 лажица мед или јаворов сируп
1/2 лажичка прав ашваганда
Сушени кулинарски ливчиња од роза
Во комбинација со кремастото бадемово млеко и медот или јаворовиот сируп, киселоста на сокот од цреши совршено омекнува и ова станува луксузен пијалок за пред спиење. Правот ашваганда е опционална состојка. Билкарите го сметаат за адаптоген, што значи дека помага во балансирање на телото, ги нормализира неговите процеси и штити од стрес.
Подготовка:
Во мало лонче на тивок оган, загрејте го бадемовото млеко и сокот од цреши на температура од околу 140 степени, околу 5 до 10 минути. Тргнете го од оган и измешајте ги медот и ашвагандата. За да добиете пена, истурете ја содржината во блендер и мешајте на висока температура неколку секунди, додека не ја добиете саканата текстура, но овој чекор не е задолжителен и може да ја излади вашата смеса. Истурете ги ливчињата од роза и пијте додека е топло. Можеби една шолја розово месечево млеко е се што ви треба за да ве испрати во земјата на соништата.