Во текот на летото, во Русија јадат ладни супи. Најпознатата руска ладна супа е окрошка. Таа е исклучително здрава, вкусна и освежувачка.
Потребно е:
2 помали цвекла
200 гр краставица
3 млади кромидчиња
700 мл кефир
2 лажици лист јаглика
лажица сецкан копар
4 јајца
сол, бибер
Подготовка:
Испечете неизлупено цвекло во рерна на 180 степени. Потребно е околу еден час. За тоа време, јајцата цврсто сварете ги, исечете ги краставиците на коцки и исечете го младото кромидче. Исчистете го компирот и додадете ги другите состојки, зачинете по вкус. Оваа супа се сервира ладна, со ставање по половина јајце или две четвртини во секоја порција.