Русите тврдат: Спутник е ефикасна и против делта варијантата на коронавирусот

popara30 јуни, 20211min0
sputnjik-v-vakcina-830x0

Ефикасноста на руската вакцина „Спутник V“ против индискиот, односно делта варијантата на коронавирусот, е околу 90 проценти, изјави денес Денис Логунов, заменик директор на Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја.

Логунов рече дека ефикасноста на вакцината против делта варијантата на вирусот е пресметана врз основа на дигитални медицински податоци, пишува руската агенција ТАСС, а пренесува Танјуг.

Варијантата на вирусот корона, која официјално стана позната како делта или двоен мутант, за првпат беше откриена во Индија во октомври 2020 година и оваа варијанта често се нарекува индиски вид. Таа е присутна во повеќе од 100 земји во светот и во моментов претставува водечки вид на вирусот САРС-КоВ-2.

Постои и варијанта на овој вид „делта плус“ кој се смета за уште позаразен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma