Руската вакцина против Ковид во форма на спреј за нос ќе биде спремна до есен 2022

popara31 август, 20211min0
shutterstock173816945-830x0

Вакцината против ковид во форма на спреј за нос може да биде достапна во есента 2022 година, по клинички тестови, изјави денеска директорот на Вектор, Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, Ринат Максјутов.

  • Многу лаборатории ширум светот работат на вакцина во форма на капки за нос, но досега се тестираа на лабораториски животни. Бидејќи се потребни клинички тестови, мислам дека вакцината во форма на спреј за нос ќе биде достапна следната есен – рече Максјутов, пренесува ТАС С.

Според претходните извештаи, рускиот центар Гамалеја планира да започне со тестирање на овој тип вакцина на крајот од 2021 година или почетокот на 2022 година, како и да ја регистрира следната година.

Вектор центарот, исто така, развива вакцина во форма на капки за нос.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma