Ако вашиот партнер одлучи да работи на себе, да се обиде да промени некои навики затоа што тоа ви пречи, тоа е негов избор, а не ваш …
Ова се најчестите заблуди за врските што „живеат“ во 21 век …
Спротивностите се привлекуваат
Студија на холандскиот универзитет во Гронинген покажа дека изреката „спротивностите се привлекуваат“ не важи кога станува збор за љубовните врски. Има многу малку долгорочни врски во кои луѓето имаат сосема различни карактери. За долга врска, потребно е да имате слични погледи на светот, а спротивностите можат да се издржат само на краток рок, доколку се силни. Некои помали разлики, партнерите обично ги гледаат како симпатични страни на саканата личност, што тие лесно можат да ги игнорираат, се вели во истражувањето.
Можете да го промените партнерот
Една од најчестите грешки во врската е мислата дека можеме да промениме некого. Секој обид може да доведе до раскинување на врската, а промената е можна само доколку партнерот го посака тоа. Ако одлучи да работи на себе, да се обиде да промени некои навики затоа што тоа ви пречи, тоа е негов избор, а не ваш.
Пред бракот треба да се проба заедничкиот живот
Денес, повеќе од 80 проценти од паровите живеат заедно пред брак, покажа едно американско истражување. Но, експертите велат дека заедничкиот живот го зголемува ризикот од раскинување. Скоро петтина од паровите кои живееле заедно ја раскинале врската, а само 12 проценти од оние кои не живееле заедно побарале адвокат за развод.
Сепак, дали ќе се случи развод зависи и од карактерот на партнерите и нивните убедувања. Партнерите кои не живеат заедно пред брак почесто ја сфаќаат брачната заедница посериозно, а поретко бараат развод, велат психолозите.
Мажите се плашат од успешни жени
Иако успешните жени на мажите им изгледаат застрашувачки, сепак им се допаѓаат интелигентни жени кои имаат самодоверба. На нив гледаат на еднаков партнер кој ќе им помогне што полесно да се справат со проблемите. Покрај тоа, моќта е секако добар афродизијак, кој мажот ќе знае да го искористи.