Последната година не беше лесна за парот, но според странските медиуми, поранешната актерка не е оптоварена со вртоглавите суми на кои инсистира секојдневно.
Кога го шокираа светот на почетокот на минатата година велејќи дека се повлекуваат од службените кралски должности и го продолжуваат својот живот во Америка со нивниот тогаш едногодишен син Арчи, војвотката и војводата од Сасекс не само што се откажаа од работните места, но исто така и од приходот што дотогаш го имаа. Новиот почеток и сè што доаѓа со него не беше лесен, и колку се бореле со финансиите, открија во интервјуто за Опра Винфри на почетокот на март кога се пожалија дека им било одземено официјалното осигурување, за кое плаќале од минатата година. Но, и покрај финансиските тешкотии, според списанието „Нова идеја“, 39-годишната Меган Маркл и нејзиниот три години помлад сопруг, принцот Хари, живеат на прилично висока нога што може да ги доведе до банкрот.
Имено, според неименуван извор, иако нејзиниот сопруг дава се од себе финансиски да го обезбеди семејството, Меган не престанува да инсистира на вртоглави трошоци. „Живеат во Калифорнија. И додека самото купување на куќата не ги чинеше толку многу, украсувањето и одржувањето е лудачки скапо. Грижата за градините, сметките за вода и даноците на земјиштето ги чинат околу 350 000 долари годишно. Згора на се доаѓа и осигурувањето кое го плаќаат бидејќи се наоќаат во зона на пожари, земјотреси и цунами. Не смееме да заборавиме на осигурувањето, услугата, но и одржувањето на луксузните Рејнџ Ровери’, откри изворот, објаснувајќи дека ништо од горенаведеното немаше да се случи доколку поранешната актерка не инсистираше на истото.
Исто така, „Нова идеја“ пишува дека овие вртоглави трошоци се причина што принцот се појавува се почесто како гостин на разни емисии и проекти затоа што се обидува на секој начин да заработи и да и го овозможи на својата сопруга, која наскоро ќе роди уште едно дете, животот на кој инсистира.