„Се обидов да го најдам својот мир, ДА СЕ ВРАТАМ НА СЕБЕ“ Дино Мерлин искрено за еден детал од животот за кој досега не зборувал

popara2 јануари, 20211min0
Capture

Дино Мерлин вели дека за време на едно патување сфатил дека не може да биде сам, но дека по тој повод добил и инспирација за нова песна.

Dino Merlin i Senidah

Славниот пејач ја напиша новата песна „Дојди“, која ја отпеа во дует со Сенида и ја претстави на 31 декември 2020 година, во, како што вели, една од пресвртниците во неговиот живот.

  • После долга и исцрпувачка турнеја „Хотел Национал“, се обидов повторно да го пронајдам својот мир, одмор од светот и луѓето, па решив да отпатувам во голем град каде, бегајќи од сè, се обидов да се вратам на себе, само за да научам дека не можам да бидам сам – објаснува Дино Мерлин и додава:
  • Така се создадени првите стихови од оваа песна, а Сенида беше совршен партнер за овој дует, како ехо и втор глас, второто „Дојди“ – вели одличниот сараевски кантавтор.