СЕ ОГЛАСИ БИВШИОТ СОПРУГ НА БРИТНИ СПИРС: Кевин Федерлајн откри што мисли за нејзината борба на суд и старателството

popara29 јуни, 20211min0
https___www.unilad.co.uk_wp-content_uploads_2021_06_britneyhusband

Пејачката Бритни Спирс зборуваше на суд за прв пат по две години.

Сега, нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн зборуваше преку адвокат и откри што мисли за целата ситуација.

„ Тој сака што е најдобро за неа. Не е важно колку позитивно влијание имало старателството, ако тоа негативно влијае на нејзината душевна состојба. Тој ја поддржува за да има најдобро опкружување за нејзиниот живот и за нивните деца, кои ќе ја посетуваат“ – изјави адвокатот на Кевин, Марк Винсент Каплан.

Кевин сака Бритни да биде среќна.

„Кевин смета дека е најдобро за неговите деца нивната мајка да биде среќна и здрава, па дури и ако таа може да го стори тоа без старателство, тогаш тоа е одлично“ – додава Винсент.

Кевин не се мешаше, но ја следи целата ситуација затоа што е многу јавна и се надева дека сè ќе биде во ред.

Britney Spears & Kevin Federline's Relationship Through the Years |  PEOPLE.com

Кевин и Бритни беа во брак од 2004 до 2007 година и ги имаат синовите Шон (15) и Џејден (14). Кевин има целосно старателство над децата.

Минатата недела Бритни се обрати пред судот. Таа се осврна на старателството под кое со нејзиниот имот и живот управуваше нејзиниот татко Џејми Спирс во последните 13 години.

„Само сакам да си го вратам животот, поминаа 13 години и доволно е. Доста е и воопшто нема смисла. Завршив. Сакам да го тужам моето семејство да биде целосно искрена“ – рече таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma