Дамијано во жестока расправија со единствената жена во бендот
Италијанската група „Манескин“ се прослави со учеството, но и победата на Евровизија оваа година.
Фронтменот на групата, Дамиано Давид, доби посебно внимание, освојувајќи ги срцата на жените ширум светот со својот изглед, шарм, но и моќен вокал.
Деновиве популарната група уште еднаш се најде во центарот на вниманието на медиумите поради видеото кое кружи на Интернет, а на кое се гледа како Дамиано и единствената жена член на бендот, Викторија Ангелис се расправаат.
Поради ова, почнаа да кружат гласини дека бендот е пред распад, а вистината е, всушност, сосема поинаква.
Имено, ова видео е само извадок од документарец што е снимен за нив во 2018 година, што е и наведено на ЈуТјуб. Тие тогаш се расправале во воз за време на турнеја и шпекулирале за иднината на бендот, а сè забележала една личност што седела во нивна близина.
– Престани да снимаш. Исклучи го тоа ср*ње – викна Дамиано кога забележа дека некој ги снима.