Шпанскиот актер Хавиер Бардем (52) и неговата колешка и сопруга Пенелопе Круз (47) важат за еден од најхармоничните парови на светската јавна сцена, а познато е дека тие секогаш го чувале приватниот живот далеку од очите на јавноста.
Популарната двојка играше „рамо до рамо“ во бројни продукции, ние често ги гледавме како љубовен пар на платното, а долго време се зборуваше за нивната „хемија“ што постои уште од првиот момент и за која Хавиер конечно зборуваше отворено.
Сè започна со филмот „Шунка, шунка“ од 1992 година, првиот во кој се појавија заедно, а актерот сега детално опиша сè што се случуваше меѓу нив:
“Дали имаше хемија? Секако! Само погледнете го тој филм, тоа е документирана хемија, достигнување што ќе им го покажеме на децата и внуците. Атракција постоеше уште од самиот почеток, но Пенелопе беше малолетна. Имаше само 16 години кога снимавме, а јас имав 21, ништо не можеше да се случи. Беше многу храбро од нејзините родители што дозволија да снима многу провокативен филм на толку мала возраст, полн со експлицитни сексуални сцени. Ако мојата ќерка ми донесе такво сценарио на таа возраст, нема пари за кои би и дозволил да сними таков филм. Во никој случај”, започна тој.
По споменатиот филм, поминаа дури 15 години додека двете големи шпански sвезди се сретнат повторно. Ги состави Вуди Ален, кој го сними „Љубов во Барселона“, со Пенелопе, Хавиер, Скарлет Јохансон и Ребека Хол.
Како што понатаму истакна Хавиер, и овој пат сè „пукаше“ од хемија и повторно – ништо.
“Да, повторно соработувавме, повторно хемијата беше повеќе од очигледна, но ништо не се случи. Не знам дали беше од срамежливост да се направи првиот чекор или од желбата да се остане што е можно попрофесионален. Без оглед на причината, не се случи ништо, а на последниот ден од снимањето помислив „Мора да се опиеме“. За среќа, заеднички пријател направи забава, а останатото е историја“, истакна Бардем и додаде:
“Фала богу!”
Во ова интервју, Бардем откри и нешто што не знаевме за убавата актерка – таа е многу слична на нејзината хероина од филмот „Љубов во Барселона“.
“О, човече! Многу! Таа го има тој огнен темперамент! Имаме сцени каде се расправаме и таа ме мава со чинии. Во одреден момент се прашував дали воопшто ми требаше да ја прифтам улогата. Но, таа е толку страствена, затоа и ја сакам, ме привлече од самиот почеток. Не е убава, таа е најсексапилната жена на планетата.“
По три години врска, парот се венчаше во 2010 година на Бахамите, во тајност, а се шушкаше дека тие го кажаа судбоносното „да“ во куќата на Лени Кравиц. Двојката има две деца – синот Лео и ќерката Луна, а Бардем вели дека тие му ја донеле најголемата животна промена.