Една од најпопуларните модели во светот и ќерка на манекенската легенда Синди Крафорд ги изненади сите со појавување на гала настан во посебно друштво
Манекенката Каја Гербер (20) ја поврзуваа со британската манекенка Кара Делевињ на почетокот на годината, откако двете беа фотографирани како се држат за раце и се гушкаа неколку пати. Сепак, се чини дека е вистина она што тие две го тврдеа цело време: дека се само најдобри пријателли!
Имено, откако се зборуваше дека Каја паднала на шармот на австралискиот актер Џејкоб Елорди (24), тие одлучија да стават крај на шпекулациите и заедно да се појават на свеченото отворање на Музејот на Академијата за филмска уметност во Лос Анџелес. Парот на тој начин потврди дека се во врска веќе некое време, а извори блиски до Каја тврдат дека се гледале тајно веќе една година.
За оваа пригода, манекенката избра блескав фустан од модната куќа Селин и скап накит од брендот „Tiffany & Co“, додека Елорди носеше класичен костум и вратоврска.