Принцезата Шарлин од Монако (43) веќе некое време не е видена во јавност. По премиерата на филмот „No time to die“, на која принцот Алберт (63) се појави во друштво на Шерон Стоун, започнаа шпекулации за врската помеѓу принцезата и принцот и за состојбата на принцезата.
Имено, принцезата не е видена во Монако од јануари, а како причина за тоа ја наведува болеста. По посетата на својата татковина, Јужна Африка, таа објави дека ќе остане таму некое време поради нејзината здравствена состојба бидејќи „поради комплицираното лекување, не може да патува со авион“.
И покрај бројните гласини, Шарлин во една изјава истакна дека Алберт е голема поддршка и помош во нејзиното закрепнување.
„Секојдневните разговори со Алберт и децата ми помогнаа да останам добро расположена, иако ми недостигаат многу“, напиша таа тогаш.
Тие се обидоа да ги замолчат сомнежите за проблемите во нивниот брак со своите објави на социјалните мрежи за десетгодишнината од бракот.
Шарлин тогаш објави трогателно видео во кое беа нивните најважни моменти во животот. “Среќна годишнина за тебе, Алберт. Ти благодарам што не благослови со нашите прекрасни деца”, напиша таа со објавата.
Принцот Алберт и децата беа во посета на Шарлин кога на социјалните мрежи се појавија фотографии, кои многумина ги доживеаја како планирано и намерно патување, само за да и покажат на јавноста дека се е во ред. Фотографиите беа перцепирани како „принудени, наместени, насочени“.
Принцезата Шарлин се уште не се вратила во Монако.