Се снима римејк на култниот филм „The Bodyguard“: А, овие детали веројатно нема да бидат исти!

popara16 септември, 20211min0
vitni-hjuston-1-830x0

Новиот филм ќе биде инспириран од романтична драма со Витни Хјустон и Кевин Костнер од 1992 година.

Ќе видиме како ќе изгледа римејкот на познатиот филм „The Bodyguard“, но очигледно, Холивуд е решен да го снима.

Поточно, компанијата Warner Bros, која го ангажираше сценаристот Метју Лопез за оваа пригода, пишува „Variety“. Станува збор за награден сценарист, кој моментално работи на римејк на класиката „Некои го сакаат тоа пожешко“, со Мерилин Монро во главната улога, но и на филмска адаптација на романот „Leading Men“, кој се занимава со врската помеѓу писателот Тенеси Вилијамс и неговиот партнер Френк Мерло.

Новиот филм ќе биде инспириран од романтичната драма со Витни Хјустон и Кевин Костнер од 1992 година. Иако деталите за сценариото сѐ уште не се познати, има мали шанси новиот филм да ја следи оригиналната приказна, т.е. дека идејата белец да спаси жена со темна кожа ќе се повтори во 2021 година, знаејќи ги стандардите што моментално ги поставува филмската индустрија.

Засега постојат „гласини“ дека актерските двојки би можеле да бидат Крис Хемсворт и Теса Томпсон или Шенинг Тејтум и Карди Би, но сѐ уште е под знак прашалник.

Да потсетиме, оригиналниот филм заработи 400 милиони во кината. Со сето тоа, музиката од филмот стигна до самиот врв на листата на најпопуларна филмска музика на сите времиња и повторно ја популаризираше песната „ I Will Always Love You “.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma