Ако сеуште не сте се одлучиле за диета што ќе го доведе вашето тело до совршенство до лето, зелената диета е совршен избор за вас. Совршена е за овој период од годината, кога зелената храна, и овошјето и зеленчукот, се претежно достапни на пазарите.
Покрај тоа, оваа диета ви дава доволно слобода за креативност при избор на оброк. Секако, како и секоја диета, така и зелената диета има доволно силни правила што мора да ги следите. Ако ја изберете оваа диета и добро се подготвите за неа, резултатите нема да изостанат, а во исто време ќе добиете можност да ја промените вашата исхрана и да замените сè нездраво – здраво.
Зелената диета се состои од овошје, зеленчук и цели зрна, така што витамини, минерали, влакна и други важни хранливи состојки успешно го ослободуваат организмот од токсините и овозможуваат здраво слабеење.
Правилата на зелената диета
Секој ден се јаде според многу сличен распоред, но изборот и комбинацијата на храна зависи од вас. Само неколку важни совети што треба да ги следите:
- зеленчукот мора да биде свеж
- зеленчукот мора да се одгледува дома, по можност од органско земјоделство (ако ништо друго, барем купен од пазар)
- подгответе ги сите оброци сами
- подгответе ги сите оброци непосредно пред консумирање
Пример на исхрана:
Веднаш по будењето, испијте чаша свежо исцеден овошен сок.
Појадок – свежо овошје, 1 порција.
Ужина – салата од свеж зеленчук, 1 тост леб од интегрално брашно, супа од зеленчук или чаша млеко.
Ручек – свеж зеленчук, компир или ориз.
Вечера – мешана салата.