Беше кратка и јасна, а нејзиниот син се придружи во изјавата
Возраста е само бројка – тоа е реченица која секогаш собира поделени мислења. За некои, ова е совршено добро, додека некои имаат поставено некои граници во нивните животи. Откако пред неколку дена се пишуваше за тоа како актерката Шерон Стоун ја пронајде љубовта со 25-годишниот рапер РМР, беше прашање на време кога таа ќе се огласи. Сега конечно го стори тоа.
Имено, Шерон и нејзиниот 21-годишен син Роан беа пресретнати од папараците во Беверли Хилс и веднаш ја прашаа дали гласините се точни. Не се двоумеше, веднаш го негираше тоа и пукна од смеа, исто како и нејзиниот син кој додаде на фотографите: „Не можете да поставите посмешно прашање“, им рече Роан. Инаку, овие гласини започнаа кога актерите неодамна беа фатени во познат ноќен клуб во Лос Анџелес, а извор близок до парот тврди дека меѓу нив има неверојатна енергија, и без оглед на тоа што актерката е во седмата деценија, таа може да го следи младиот рапер кој веќе некое време се пробива на музичката сцена.
Бројни обожаватели оваа вест, слободно можеме да кажеме, ја дочекаа со раширени раце. И додека едни коментираат како актерката се однесува нептимерно и детски, други коментираат како раперот ја искористува за слава. „Кога момчето е 40 години постаро од жената, тогаш сме згрозени, а кога е спротивното, тогаш тие имаат право на избор. Одвратно и болно! Таа очигледно е „отидена“, а тој е желен за слава “, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.