– Го прашав: “Дали си свесен што ми купи?” – рече Сека
Фолк пејачката Сека Алексиќ откри дека нејзиниот сопруг Вељко Пиљкиќ и подарил огнено оружје за годишнината од бракот.
Пејачката ги изненади сите со своето признание, а не криеше дека и таа е прилично изненадена од необичниот подарок за романтичниот датум.
– Го добив огненото оружје како подарок по полагањето, се разбира, од мојот сопруг за годишнината од свадбата. И го прашав:
„Дали си свесен што ми купи?“ – рече Сека.
Пејачката и нејзиниот сопруг заедно го бирале оружјето, а тоа е анегдота која ги насмеа сите.
– Влегуваме во продавницата и двајца мажи стојат зад шалтерот и не прашуваат: “Дотаму ли е дојдено?” – рече Сека низ смеа.
Пејачката додаде дека и е жал што нема повеќе време да оди на стрелиште и повеќе да се посвети на тоа хоби.