„Соба за тага“ е една од најпопуларните песни на Тоше, а не носи толку добра приказна.
Тој беше еден од најпопуларните пејачи, сопственик на многу хитови кои се слушаат и ден – денес.
Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година во Хрватска, на автопатот Загреб-Липовац. Тој имаше само 26 години.
Еден од неговите најголеми хитови секако беше песната „Соба за тага“, а малкумина знаат дека зад овој текст стои тажна приказна.
Имено, стиховите на овој хит наводно ги напишал маж во затвор кој издржувал казна за убиство на љубовникот на неговата сопруга.
Текстот стигнал до менаџерот на Тоше кој му предложил на пејачот да ја сними таа песна, а останатото е историја.
Како што објавија медиумите, авторот на овие стихови наводно не сакал пари за песната, туку сакал само посвета на оригиналниот албум, што и добил.