Апсолутен хит
Состојки:
1,2 литри млеко
3 пудинзи со вкус на слатка павлака (120 гр)
10 лажици шеќер
100 гр бело млечно чоколадо
500 мл слатка павлака
150 гр еурокрем
750 гр какао бисквити (4 пати по 20 парчиња)
Подготовка:
Во пудингот додадете половина мерка шеќер и приближно 200 мл млеко и измешајте.
Истурете го остатокот од млекото до еден литар во садот во кој ќе се готви пудингот и додадете го преостанатиот шеќер.
Ставете на оган да зоврие.
Кога ќе почне да врие, варете го изматениот пудинг и мешајте додека не се згусне на средна топлина.
Тргнете го од оган, па додадете го чоколадото и промешајте додека не се стопи и не се соедини со пудингот.
Покријте со фолија и оставете да се излади целосно.
Изматете ја слатката павлака.
Оладениот пудинг малку изматете го со миксер, а потоа додадете малку повеќе од половина слатка павлака во пудингот (приближно 2/3) и изматете сè заедно.
Остатокот од павлаката ја користиме за украсување.
Загрејте 200 мл млеко и потопете ги бисквитите па наредете ги во 4 реда од 5 бисквити.
Најпрво намачкајте провиден слој од кремот на плехот за да бисквитот убаво се залепи и да не „мрда“ на плехот кога ќе го нанесеме првиот слој.
Наредете 4 реда бисквити и намачкајте 4 слоја крем.
Одозгора намачкајте го остатокот од слатката павлака.
Во 3 – 4 лажици млеко (остатоци од потопувањето бисквити) додадете еурокрем и загрејте во микробранова печка 30 секунди на највисока топлина.
Мешајте додека не се соедини, па истурете врз тортата и намачкајте со шпатула или ишарајте со вилушка, по желба.
За крај, можете да ја декорирате тортата од околу, и не мора, секако по желба.
Оставете да отстои, а потоа исечете и послужете.
На здравје!