Сексапилната пејачка покажа како изгледа лицето на нејзиното момче кога ќе му здосади од селфиња, па ги насмеа сите до солзи

9 јануари, 2021
Screenshot_5

Никол Шерцингер објави нова фотографија со своето момче Том Еванс на Instagram, па направи добра шега на негова сметка.

Пејачката Никол Шерцингер не може да одолее а да не објавува нови фотографии со своето момче Том Еванс одвреме-навреме, но се чини дека можеби отиде предалеку во правењето селфи.

Имено, покрај една од последните објавени фотографии, Никол на шега напиша коментар дека на нејзиниот убавец веќе му е досади од тоа што постојано го фотографира додека одмара на егзотичните острови Туркс и Каикос, за што сведочи и изразот на лицето.

„Кога вашето момче ќе се измори од истото селфи милион пати“, напиша 42-годишната Никол со неколку фотографии, од кои Том не изгледа премногу среќен на последната.

„Хахаха, се обидува првите десет секунди“, „Жал ми е за сите момци, вклучувајќи го и моето“, „Вие сте најслаткиот пар досега“, „Ова е смешно“, „О Боже, колку пати мораше да се намести за да изгледа така“ „Хаха, неговото лице е сè“, „Премногу сладост на овие фотографии“, се некои од коментарите што ги доби од обожавателите.

Никол уште еднаш ја искористи можноста да го покаже своето бујно деколте, исто како пред неколку дена кога излезе на прошетка со помладата сестра Кеала.

„Со сè што се случува на Светот, знам колку сум благословена што избегав во овој прекрасен архипелаг“, напишала Никол покрај една од фотографиите од егзотичната дестинација.

Таа е во врска со Том од 2019 година откако се запознаа на снимањето на шоу за таленти, во кое тој се појави како натпреварувач, а Никол седеше во жирито.