„Сексот и градот“: Познато е како отсуството на Саманта ќе биде објаснето во новата сезона

popara12 февруари, 20211min0
62035218-seks-i-grad

Под наслов „And Just Like That“, што е омилена фраза на Кери Бредшо, „Сексот и градот“ се враќа на малите екрани, ќе се емитува во десет епизоди. Според пишувањата, снимањето треба да започне на пролет, без, како што е веќе добро познато, Ким Катрал и нејзиниот лик Саманта Џонс. Но, она што беше помалку познато беше како серијата ќе го објасни отсуството на еден од најважните ликови.

Фановите ширум Светот едвај чекаат да видат како ќе изгледаат новите поглавја во животот на хероините од „Сексот и градот“, Кери Бредшо, Шарлот Јорк и Миранда Хобс, но за возврат истакнуваат дека Саманта Џонс многу ќе недостасува. Глумејќи во сите шест сезони на култните серии и два филма, Ким Катрал стана синоним за „Сексот и градот“ и многумина не можат да ја замислат новата серија без неа. Тие исто така се прашуваат како ќе се објасни отсуството на Саманта во „And Just Like That“.

Според објаснувањето на Кејси Блус, се наведува дека Саманта и нејзините три пријателки едноставно ќе се одалечат и дека нивното пријателство ќе згасне.

Како и во реалниот живот, луѓето влегуваат во нашите животи и заминуваат. Пријателствата згаснуваат и започнуваат нови пријателства. Мислам дека сето тоа ги покажува фазите на животот во реалноста. Тие сакаат да ја раскажат вистинската приказна за тоа како е да се биде жена во педесеттите години во Њу Јорк Затоа сè треба да изгледа органско, а пријателите што ги имате на триесет години можеби ги нема веќе на педесет години, изјави Блус за TV Line. А, Сара Џесика Паркер на Instagram го коментираше отсуството на Саманта откако еден обожавател напиша дека на сите ќе им недостасува.

И нас ќе ни недостасува. Ние многу ја сакавме, напиша Сара. На коментарот на обожавателот дека Паркер не ја сака Катрал, актерката одговори:

Никогаш не го реков тоа и никогаш не би го рекла. Саманта не е дел од оваа приказна. Но, секогаш ќе биде дел од нас. Без оглед каде биле или што правеле.

Некои фанови исто така изразија загриженост за судбината на г. Биг претпоставувајќи дека ќе умре, бидејќи се шпекулираше дека тоа требало да се случи според нереализираното сценарио за третиот филм во 2018 година. Сепак, Крис Нот лично ги демантираше ваквите гласини велејќи дека г. Биг не требаше да умре и тоа беше лага. За тоа што навистина ќе се случи со сопругот на Кери во новата серија, Сара Џесика Паркер само кратко напиша на Instagram:

„Почекајте и ќе видите.“

Изгледа дека промената ќе биде и во продуцентскиот тим на серијата, а наместо Дарен Стар, кој ја напиша и серијата Емили во Париз, Мајкл Патрик Кинг, заедно со Никсон, Паркер и Дејвис, ќе ја преземат функцијата извршен продуцент, според странските медиуми. Кинг е познат како режисер на неколку епизоди од оригиналната серија и на двата филма.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag