СЕЛЕНОТ Е КЛУЧЕН ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ, ГИ РЕГЕНЕРИРА ЌЕЛИИТЕ И ГО УСПОРУВА СТАРЕЕЊЕТО: Овие намирници го имаат во изобилство!

popara8 август, 20211min0
217917_shutterstock-478385821_ls

Селенот е многу моќен антиоксиданс и е многу важен за здравјето на целиот организам, но малку се зборува за тоа. Ги штити клетките од оксидација, го спречува предвременото стареење на кожата, мускулите и мозокот. Исто така, учествува во превенција од кардиоваскуларни заболувања и го стимулира имунитетот. Тој не штити од штетните ефекти на слободните радикали и стресот, има антивирусни ефекти, ја стимулира циркулацијата и придонесува за подобар метаболизам.

Зошто ни недостасува?

Најчесто, недостаток на селен се јавува поради диета со малку протеини, како и поради слаб внес на риба или житарици. Возраста и здравјето, исто така, влијаат на количината на селен што се дистрибуира низ телото.

Потребата за селен кај постарите лица расте, бидејќи сите болести што се јавуваат во овој период од животот го нагласуваат недостатокот на овој микроелемент.

Овој минерал не е произведен од самиот организам, па затоа е неопходно да се обезбеди преку храна. Ги содржи повеќето од овие намирници:

  • бразилски ореви (најбогат извор на селен во храната!)
  • семки од сончоглед
  • банани
  • грозје
  • бобинки
  • чиа семе
  • овес
  • интегрален ориз
  • јачмен
  • лук
  • кокос
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma