SENIDAH x FASHION&FRIENDS: Нова кампања која ги запали социјалните мрежи

17 септември, 2021
image_2021-09-17_160540

Уживајте во светот на луцидни соништа преку новата рекламна кампања на Fashion & Friends, која ги замаглува границите помеѓу реалниот свет и имагинацијата. Инспирирана од соништата, како најчиста форма на креативност, кампањата наречена „Луцидни соништа“ го симболизира упориштето на целосна слобода, надвор од сите стереотипи и правила.

Токму таква, автентична, различна и своја е регионалната музичка sвезда Сенидах, заштитно лице на Fashion & Friends за оваа сезона, која со години храбро игра со различни музички жанрови и флертува со модните трендови со еднаква леснотија.

Иконата за ултимативен стил привлекува внимание во еклектичната мешавина на брендовите Fashion & Friends, и нејзината моќ на трансформација ве поттикнува да обликувате стилови, исто како и животот, на начинот на кој сакате.

Покрај Сенидах, во кампањата се појавува и познатата манекенка Сенди Боговац, која со години доминираше во светските модни писти во креациите на брендови како Долче и Габана, Армани и Монклер.

„Луцидни соништа“ најавува прекрасна есен во пригушени нијанси, полна со принтови и шарени дизајни.

Широките кроеви се враќаат во игра, така што во новата сезона, преголеми модели на јакни, „поголеми“ boyfriend фармерки и обични блузи се во преден план. Фокусот е ставен и на модните додатоци, како чанти со интересни текстури и преголем накит.

Покрај фотографиите од кампањата, Fashion & Friends претставија серија кратки модни видеа кои предизвикуваат сонувачка, надреална атмосфера. Додека не се појави сонцето, сонот е реален.

escort - Korsan taksi