Уште во првите денови од оваа 20210ва година Вистина.ком.мк го најави неговото враќање на ТВ екраните, откако по падот на неговиот најдобар другар Боки 13-ка и целата 1 ТВ империја, Сегеј Варошлија како во земја да пропадна. До душа на ова му кумуваше и корона пандемијата, изолацијата, полицискиот час, рестрикциите и забрани на движење…, но модниот гуру престана и да споделува свои фотографии и статуси на социјалните мрежи, неговите профили останаа речиси „замрзнати“… Се до неодамна.
А кога веќе се врати на социјалните мрежи како да беше јасно дека наскоро ќе се врати и во етерот. Се зборуваше за „преселба“ на неговото „Студио мода“ на една нова телевизија, нова ТВ фреквенција, до која сепак не дојде, зашто од големите „оф д рекорд најави“ ништо не се случи…
Се до скоро, кога деновиве токму на социјалните мрежи осамнаа најавите, а потоа и тргна да се емитува неговото „модно студио“ одново. Неговата „фешн екселенција“, модниот гуру сега „жари и пали“ како во најдобрите денови, само на нова фреквенција… Или поточно на нова телевизија, но овој пат на Интернет.
Имено, од скоро на скопската Jingle TV модното шоу со Сергеј одново се емитува! Сергеј Варошлија се врати во етерот, па модниот гуру по ТВ сушата на многумина одново ќе им ја „пукне душата“… Впрочем веќе почна, зашто концептот не е нималку променет, се’ уште е оној стариот познат, по неговиот веќе виден и проверен терк: Или си топ или си фејк!
Може кој што сака да мисли за него, но едно е сигурно: Сергеј Варошлија е одличен познавач на модата, модните трендови и збиднувања во светот, а од друга страна тоа умее на забавен, оригинален и себесвојствен начин да и го пренесе на телевизиската публика. Тоа што некого „вистината го погаѓа и боли“… е веќе прашање на „лично доживување“ и лична перцепција на нештата, во кои Сергеј не веруваме дека имал „нешто лично“ против оние чиј изглед и имиџ го коментира, иако рака на срце, понекогаш знае и да претера!
Ако ви недостасуваше, еве ви го назад, со „штиклата“ и мечот… Кој ќе биде пофален, а кој набоден, тое е веќе прашање на процена во секоја нова ТВ епизода на „великиот гуру на македонската мода“…
Преземено од vistina.com.mk