Северина ја нападна сопругата на Јоксимовиќ? „Таа ги пушти моите голи фотографии во програма“

20 април, 2021
296724c0-8a1c-4727-bc38-fdabb8edb33b

СЕВЕРИНА се присети на настаните од 2018 година во српското шоу 150 минути, кога нејзините голи фотографии се појавија во јавноста.

“Во утринската програма, водителката ги објави моите голи фотографии, кои беа хакирани од мојот телефон. Нашите деца играа заедно, го познавам и нејзиниот сопруг пејач. Во една прилика дури му напишав репертоар за концерт. Значи, нивното дете и моето дете си играа заедно, се дружевме како пријатели, но, без оглед на тоа, такви работи едноставно не се прават. Таа ги пушти тие фотографии во 10 часот наутро на телевизија. Беше ужасно”, рече Северина.

Иако Северина не ја именуваше, српските медиуми шпекулираат дека таа мислела на Јована Јоксимовиќ, ТВ-водителка и сопруга на Жељко Јоксимовиќ, која ги коментираше нејзините разголени фотографии во нејзината емисија во 2018 година.

“Ох не. Не сакам да коментирам, ти благодарам за поканата и збогум”, изјави кратко Јована Јоксимовиќ за српски Телеграф.


Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris