Шакира не можеше да очекува ваков настан.
Поп-sвездата Шакира вели дека била жртва на напад од две диви свињи додека шетале во парк во Барселона со нејзиниот осумгодишен син Милан.
Колумбиската пејачка рече дека животните ја нападнале и ѝ ја искинале чантата, а потоа избегале во шумата.
– Ми ја искинаа торбата, а во неа имаше мобилен телефон. Тие уништија сѐ- рече таа.
Шакира е последната жртва на сѐ поагресивните свињи, кои го нападнаа градот во последниве години.
Во 2016 година, шпанската полиција прими 1.187 телефонски повици поради дивите свињи кои нападнаа кучиња, го задржуваа сообраќајот и наидуваа на автомобили во градот.
Во 2013 година, полицаец се обиде сам да реши проблем и застрела свиња, но наместо тоа ја промаши и го рани својот колега.