Латино дивата ги воодушеви сите со својот изглед.
Овој викенд кој помина, се одржа престижна ревија на познатиот моден бренд „Долче и Габана“ во Венеција, на која присуствуваа многу познати личности, а посебно внимание привлече Џенифер Лопез.
Со својата појава во голем стил, популарната пејачка ги остави без здив сите што присуствуваа на овој моден настан.
Латино дивата блесна во до сега невидена цветна креација потпишана од познатото дуо „Долче и Габана“.
Таа носеше тесни црни панталони со циклама рози, краток корсет покриен со светки и кристали, тиркизна наметка со цвеќиња во црвена и сина боја, и спектакуларни златни сандали со високи потпетици, украсени со циркони и бисери.
Облеката ја надополни со впечатлива златна нараквица, прстени во различни бои, крем торба и круна со кристали во бронзено-сребрени нијанси.
Иако целата комбинација беше шарена и кич, Џенифер ја изнесе совршено, па многумина коментираа дека ова е едно од нејзините најгламурозни изданија.