Бергузар Корел, турска актерка попозната како убавата Шехерезад, преку својот Инстаграм профил откри дека таа и нејзиниот сопруг Халит, најпознат по улогата на Сулејман Величествениот, чекаат девојче по два сина, 11-годишниот Али и едно и пол годишниот Хан.
Двојката пред неколку месеци ја сподели веста за своето трето дете со обожавателите, а пред еден месец откри дека очекуваат девојче. Актерката со последната фотографија го потврди она за што шпекулираа турските медиуми веќе некое време.
Имено, Бергузар со последниот пост на споменатата социјална мрежа покажа како изгледаат нејзините утра во моментот, но го потврди и името на нејзината ќерка која треба да се роди наскоро. ‘Утринско кафе со Леила’, напиша трудницата покрај фотографијата на која сопругот го гушка нејзиниот труднички стомак.
„Леила има прекрасни родители, прекрасно е да ве гледам вака заљубени“, „Едвај чекаме да дојде Леила на светот“, „Ти блескаш“, се само некои од коментарите на ентузијастичните следбеници.
Патем, името Лејла има арапско потекло и значи „ноќ“, но не било која ноќ, туку „многу мрачна, долга ноќ“, односно „најубавата од сите ноќи“.