Со години, Џорџија е најголемата поддршка на нејзината наследничка и тие често гостуваат заедно на разни емисии
Една од најпопуларните пејачки на денешницата, легендарната Шер неодамна наполни 75 години и сè уште работи со полна пареа. Не размислува за пензија, вели таа, а нејзиниот физички изглед честопати е тема на дебата. Бројни обожаватели коментираат дека наградуваната музичарка, оскаровка, хуманитарна и геј икона шеесет години изгледаше беспрекорно, и иако влезе во осмата деценија, Шер, коментираат фановите, изгледа многу подобро од некои нејзини помлади колешки.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото, најдобро докажува фотографијата на нејзините социјални мрежи на која таа гордо ја покажува својата мајка, кантавторот Џорџија Холт. Иако влегла во 96тата година, мајката на легендарната музичарка изгледа, како што велат, најмалку 20 години помлада, а нејзината позитивна енергија и харизма се нешто со кое е човекот се раѓа.
Со години, Џорџија е најголемата поддршка на нејзината наследничка и тие често гостуваат заедно на разни емисии. Двете се големи љубителки на естетските процедури, а одењето на ботокс не е табу тема за нив. Пејачката призна дека на почетокот на својата кариера имала операција на носот и градите, а подоцна ја затегнала кожата на очните капаци, направила кревање на лицето и веѓите.
‘Шер отсекогаш изгледала беспрекорно, но мајка и е навистина нереална. Не само до ботоксот, туку и до исхраната, вежбањето и одржувањето на лицето со разни препарати. И двете се фасцинантни и се надевам дека на нивна возраст ќе изгледам како нив’, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.