Актерката Шерон Стоун (64) стана позната по улогите како фатални убавици во филмовите „Ниски страсти“ и „Казино“. Иако оттогаш поминаа речиси три децении, сепак привлекува внимание поради негуваниот изглед и витката фигура. Таа неодамна блесна во Венеција на модниот настан на куќата „Долче и Габана“, а после тоа одлучи да се одмори и накратко да избега од обврските.
64-годишната актерка се пофали на социјалните мрежи со линијата во костим за капење. Таа ја нагласи важноста да се грижи за себе, и доби само комплименти за нејзиниот изглед.
На својот профил на Инстаграм, таа сподели неколку фотографии од одморот на непозната локација. Таа позираше во едноделен црн костим за капење и покажа завидна линија. „Важно е да се грижите за себе“, напиша таа во описот на објавата.