ШМИНКЕРИТЕ СОВЕТУВААТ: НЕ ГИ КУПУВАЈТЕ овие 3 производи за убавина – Ќе потрошите пари за џабе!

popara12 јули, 20211min0
sundjer

Не е на одмет да се знае …

Кога станува збор за шминка, има толку многу алатки, палети на сенки, четки и разни работи што само ве примамуваат да ги купите. Сепак, дали навистина ви треба сето тоа?

Шминкерот Сафрон Хјуз откри кои три производи навистина не треба да ги купувате:

1. Сунѓери за шминкање од латекс

Овие сунѓери најчесто се наоѓаат во продавниците каде се продаваат поевтини работи и чинат околу 120 денари. Факт е дека поради природата на материјалот, тие не се многу издржливи и апсорбираат многу повеќе производи отколку што треба. Покрај тоа, латексот може да ја иритира чувствителната кожа и да ги задржи бактериите подолго.

– Ако планирате повторно да користите сунѓер, попрактично би било да инвестирате во оној што не содржи латекс, чист, компактен и нетоксичен. Колку е помазна неговата површина, толку порамномерно ќе го нанесувате производот на лицето.

Šminka

2. Пудра во камен што е во иста боја како и течната пудра

Иако во теорија ова звучи како добра идеја, практиката го покажува спротивното. Бидејќи тонот на вашата кожа се менува во текот на целата година, може да биде тешко да се погоди вистинската нијанса.

– Наместо да купувате различни нијанси на пудри, што може да биде доста скапо, се препорачува да земете една „проѕирна“. Тие одговараат на секој тон на кожата и прават поприроден изглед. Нанесете малку од пудрата о прав на Т-зоната за да го минимизирате сјајот и да ја поправите шминката.

3. Прајмер за очи

Прајмерот за очи, кој има улога да ги држи сенките на место, не е неопходен за секого. Не е дека тој не си ја работи својата работа, но има и попристапни варијанти, кои ќе го дадат истиот ефект.

– Коректорот може да има двојна улога, така што тој всушност го заменува прајмерот. Едноставно натапкајте малку коректор на очните капаци, фиксирајте го со „проѕирна“ пудра, а потоа ставете ја сенката. Друг совет е да користите кремаста бела сенка како прајмер, над која, кога малку ќе се исуши, секоја друга сенка ќе лежи добро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag