Шпанска тортиља од компири, пршута и зачини

popara19 јуни, 20213min0
Screenshot 2021-06-19 142155

Вкусната Tortilla de patatas ќе ве освои на првиот залак!

Tortilla de patatas – одлична комбинација на компири, кромид, пршута и зачини! Ова јадење потекнува од северот на Шпанија, односно од провинцијата Навара. Подготовката не е премногу комплицирана; само смирено и внимателно и ќе направите совршена тортиља де пататас, како на сликата. Уживајте во одличниот оброк!

Состојки: (за 2-3 лица)

3 средно големи компири

1 средно голем кромид

2 чешниња лук

сончогледово масло

3 јајца

200 гр пршута или сува шунка

сол и црн пипер

далматинска мешавина зачини

 | Author: Tomislav Miletic/PIXSELL

Подготовка:

Исечете ги компирите и кромидод на коцкички со дебелина од 1 цм.

На средно загреано масло (ставете доволно масло за да ги покриете компирите) пропржете ги компирите малку да омекнат, а потоа додадете го кромидот и оставете ги и едното и другото целосно да омекнат. Значи, пржете ги компирите 10 минути, а потоа додадете го кромидот и пржете го околу пет минути.

Кон крајот, додадете ја пршутата или шунката, а на самиот крај исечениот лук и оставете некое време додека не се испржи.

Во сад изматете ги јајцата, додадете ги зачините и изладената и исцедена мешавина од компири и кромид. Измешајте сè, внимавајќи да не го смачкате компирот премногу, односно да го одржите во форма.

Извадете го вишокот масло од тавата во која претходно сте ги пржеле компирите и кромидот, а добиената смеса ставете ја на лесно намастена и загреана тава.

Печете на средна топлина неколку минути додека не се формира кора од долната страна и рабовите, а потоа ставете чинијата преку садот, подигнете ја тавата и брзо свртете ја на другата страна, држејќи ја чинијата цврсто одозгора за да ја пренесете тортиљата на чинијата.

Пренесете ја тортиљата назад во тавата, така што само ќе ја лизнете од чинијата и сега долниот (сиров) дел да биде на тавата. Повторете го процесот два, три пати додека тортиљата не стане цврста и печена.

 | Author: Tomislav Miletic/PIXSELL

Состојки за свеж салса сос:

свеж коријандер или магдонос во лист

1 црвен кромид

1 чешне лук

1 свежа чили пиперка

сок од 1/2 лимета

1/2 лажиче ким

сол

маслиново масло

Подготовка:

Исечете ги доматите и кромидот на мали коцки, а иситнете го и лукот.

Исецкајте го коријандерот и чили пиперката на тенки парчиња и додајте ја на останатите состојки.

Во сад измешајте ги зачините, сокот од лимета и маслиновото масло, па прелијте го зеленчукот и сè добро измешајте.

На здравје!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma