Што носи Меган Маркл со себе секогаш кога патува?

popara15 август, 20211min0
profimedia-0391712268-790x565

Додека третиот состанок на обичните смртници обично се сведува на вечера и одење во кино, кога сте принц, можете да и дадете на вашата девојка малку понезаборавно искуство за трети состаноци отколку пуканки и акционен трилер (со надеж за малку акција после кино бидејќи третиот состанок е, THE date). На пример, можете да ја однесете да кампува под ѕвездите во романтичната пустина на Боцвана, како што тоа го направи принцот Хари. Меган Маркл беше воодушевена од идејата, а и Хари со неа, особено кога сфати дека неговата нова девојка зела само едно мало парче багаж со неа на патувањето.

Тоа беше вистинско освежување во споредба со поранешните избраници на принцот, кои патуваа со куп куфери полни со дизајнерска облека. Меган донесе само најосновни работи – панталони, неколку туники и кошула и едно нешто од кое, како што и самата призна, никогаш не се одделува. Особено не кога оди на патувања. Станува збор за – масло од чајно дрво! „Без разлика дали имате мозолче, се исечете или ве касне комарец, ова масло е одличен препарат со корисен ефект врз кожата“, открила Меган за нејзиниот traveling must –have.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma