Солта ни е многу потребна, но дали знаеме која е нејзината вистинска количина?
Натриумот е важен дел од многу функции на телото, почнувајќи од хидратација до апсорпција на хранливи материи. Значи, избегнувањето на сол може да има негативни несакани ефекти.
На пример, без доволно натриум, телото почнува да лачи калиум за да се балансира, а со тоа почнуваат да ни недостасуваат и двете хранливи материи.
Од друга страна, ако имате премногу натриум и немате доволно калиум, може да се појави скок на крвниот притисок. Значи, дефинитивно ни треба.
Колку сол треба да внесуваме?
Причината поради која се здоби со толку лоша репутација во последниве години е преработената храна што се користи како конзерванс за да се продолжи рокот на траење.
За да може оваа врска да биде во рамнотежа, треба да конзумираме одредена количина натриум секој ден.
Експертите генерално препорачуваат да не се земаат повеќе од шест грама сол на ден, додавајќи дека дневно внесување поголема количина од таа доведува до висок крвен притисок, како и зголемен ризик од срцев и мозочен удар.