Сигурно нема да ја заборавите, откако ќе ја пробате
Состојки:
500 мл вода
320 гр шеќер
1 портокал
3 јајца
250 мл јогурт
10 гр прашок за пециво
10 гр ванилин шеќер
70 мл путер
500 гр кори за пита
500 гр шумско овошје
Подготовка:
Сварете го шербетот. Загрејте вода до вриење, додадете го шеќерот, кругови портокал и варете 10 минути. Направете фил за баклава. Измешајте ги јајцата, јогуртот, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер и растопениот путер.
Поделете ги корите на половина. Во сад за печење раширете половина од корите, секоја премачкајте ја со филот. На средина ставете шумско овошје.
Преостанатата половина од корите премачкајте ја со фил. До крајот. Исечете и печете на 180 степени целзиусови, 30-35 минути.
Кога ќе биде готова, прелијте ја со разладениот шербет.