Најмладиот син на славниот холивудски билдер Арнолд Шварценегер и неговата поранешна сопруга Марија Шрајвер, Кристофер (24), од рана возраст водеше битка со вишокот килограми, која сега конечно ја доби.
Тој беше фатен од папараците на плажа минатата година кога имаше забележителни вишок тежина.
Кристофер беше фатен од папараците оваа недела по долго време пред салон за нокти во Брентвуд, каде што беше со својата мајка, а на фотографиите е непрепознатлив.
Во тесна маичка и шорцеви, тој ги покажа неверојатните резултати од строгиот режим на вежбање и исхрана на кои се придржуваше последната година, а со тоа постепено ослабна, пишува „HollywoodLife“.
Долгата борба на Кристофер со вишокот килограми секако беше тешка за неговите браќа, сестри и родители кои имаат совршени пропорции и ги сакаат рефлекторите, па затоа се навикна да се крие од јавноста.
За разлика од остатокот од неговото семејство, тој нема отворени профили на социјалните мрежи, но често се појавува на нивните Инстаграми.
Кристофер има две постари сестри, Кетрин (31) и Кристина (30), брат Патрик (27) и полубрат Џозеф Баена, кој е негов врсник и кого Арнолд го доби во вонбрачна врска со тогашната дадилка на неговите деца, Милдред.