Тој ќе ја изневери, таа ќе раскине со него, вели дека завршиле засекогаш, потоа му простува, тој ќе ја изневери…
Клои Кардашијан (37) можеби е една од најуспешните жени во американскиот шоу -бизнис, но не може да се пофали со среќа во љубовта.
По распадот на бракот со кошаркарската sвезда Ламар Одом, кој ја изневерил, а потоа паднал во кома по предозирање во бордел, таа нашла љeубов покрај неговиот помлад колега Тристан Томпсон (30).
Атрактивниот спортист беше виден неколку пати за време на нивната врска со други девојки, а општо е познато дека тој ја изневерувал во часовите пред таа да ја роди нивната ќерка Тру. Тогаш двојката се раздели, и оттогаш сѐ се врти во маѓепсан круг, изневерување, раскинување, простување, помирување, изневерување, раскинување, простување, помирување …
Иако неодамна повторно раскинаа, судејќи според најновите фотографии, двојката моментално е повторно заедно, или барем одлично се сложуваат поради благосостојбата на нивната тригодишна ќерка. Папараците од Лос Анџелес ги сликаа Клои, Тристан и Тру за време на прошетката, кога ова семејство беше сладно облечено: сите носеа црна облека, а малата Тру изгледаше најубаво во балетски фустан и розови патики. Разговараа, се смееја, а медиумите пишуваат дека е очигледно дека Тристан цело време флертувал со мајката на својата ќерка.