Берѓузар Корел е непрепознатлива, новата фризура одлично и стои.
Бремената актерка ги одбројува часовите и едвај чека да стане мајка по трет пат. Среќата е уште поголема затоа што по два сина, ќе добие девојче, кое ќе ја „зајакне“ женската страна на семејството.
„Утринско кафе со Лејла“, напиша бремената Берѓузар во друштво на сопругот и така пред еден месец откри дека на бебето ќе му го даде ова прекрасно име.
И најновите фотографии на убавата турска актерка покажуваат дека терминот за породување се ближи. Позната по тоа што сака да ја менува фризурата, популарната Шехерезада повторно одлучи да ја скрати долгата коса и да направи трендовски краток боб.