Актерот Орландо Блум (44) беше снимен на одмор во Малибу додека веслаше на даска, но тоа немаше да биде толку чудно ако не се појавеше ајкула
„Стравот стана мој пријател“, напиша тој на својот Instagram профил.
Орландо Блум објави видео како весла на даска во друштво на ајкула и веднаш стана хит на социјалните мрежи. Видеото досега има над 100.000 прегледи.
Да потсетиме, Блум скоро доби ќерка со пејачката Кети Пери.
Кети Пери се породи и роди девојче кое го нарече Дејзи Дав.
Емотивната фотографија пејачката ја сподели на социјалните мрежи, а ова е нејзино прво дете со актерот Орландо Блум.
Патем, името Дејзи во превод значи „бела рада“, додека другото име значи „гулаб“. Следеа бројни честитки на социјалните мрежи.