Џорџ Клуни и Бред Пит повторно соработуваат заедно и тоа на остварувањето „The Tender Bar“.
Тие двајца одлично функционираат заедно, а тоа може да го заклучиме од изјавите кои се појавуваат во странските медиуми.
Имено, во просториите на Амазон студијата во Лос Анџелес, била одржана специјална проекција, а Џорџ Клуни бил одлично расположен и на шега го „поткачил“ Бред Пит, пишува „People“.
„Бред очигледно бил најевтиниот актер“, рекол Клуни, а потоа го пофалил колегата.
„Тој ми е пријател и навистина добро си поминуваме. Многу се радувам“, признал Џорџ.
Инаку, Џорџ Клуни и Бред Пит соработувале во остварувањата „Ocean’s Eleven“ и „Burn After Reading“.
„Tender Bar“, кој го режира Клуни, а чиј копродуцент е Бред Пит, ќе се најде во кината ширум Америка од 22-и септември, а на платформата „Amazon Prime Video“ на 7-ми јануари.
Филмот зборува за младо момче кое останало без татка си кратко по своето раѓање. Обидувајќи се да најде замена за татковска фигура, се поврзува со неговиот вујко и другите што ги запознава во барот.
Главните улоги им се доверени на Бен Афлек, Даниел Раниери, Таја Шеридан, Кристофер Лојд.