Јавноста често коментира како младата девојка на актерот била копија на неговата поранешна сопруга Даниела Спенсер од која се разведе во 2018 година по 15 години брак
Актерот Расел Кроу (57) беше повторно фотографиран со 27 гоидни помладата девојка, агентот за недвижности Бритни Терио (30) во Сиднеј на тениско игралиште, едно од нивните омилени места за да поминуваат време заедно.
Двојката одигра натпревар, а кога се измори, Расел отиде на страна да запали цигара.
По завршувањето на тренингот за време на кој Бритни го привлече вниманието со своето тренирано тело, тие се препуштија на страстите.
Кроу покажа дека изгубил дел од килограмите што ги добил во последните години, но неговиот голем стомак сепак се истакнува. Тој ја скрати косата и брадата, што го прави да изгледа повеќе како порано.
Патем, последната година се појавија гласини за врската помеѓу Расел и Бритни, кои заедно се појавија во филмот „Скршен град“ во 2013 година.
Тие ги потврдија гласините во ноември минатата година кога првпат беа фатени како разменуваат нежности на тенискиот терен.
Јавноста често коментира како младата девојка на актерот ја копирала неговата поранешна сопруга Даниела Спенсер, од која се разведе во 2018 година по 15 години брак.
Поранешниот пар ги има синовите Тенисон и Чарлс, а Расел тешко се разведе од Даниела.