Актерот Даниел Крег, ѕвездата на филмовите за Џејмс Бонд, ќе ја добие својата ѕвезда на Холивудската патека на славните, туристичка атракција во Лос Анџелес, беше објавено деновиве.
Sвездата на Крег, 2704 по ред, ќе биде посветена на актерот за време на церемонијата на 6 октомври.
Ѕвездата ќе биде поставена на булеварот Холивуд 7007, што е почит кон популарното кодно име на неговиот лик, и ќе се наоѓа веднаш до ѕвездата на еден од неговите претходници, Роџер Мур.
Крег моментално го промовира својот филм 007 „Нема време за смрт“, кој доби одлични критики и ја зајакна репутацијата на актерот како еден од најдобрите Бонд карактери.
Филмот веќе постигна голем успех во кината.
Тој оствари профит од 22 милиони долари во првите два дена по излегувањето на пазарите, вклучувајќи ги и британските, ирските, германските и данските, објавија продуцентите.
Филмот ќе излезе во САД и Канада на 8 октомври.