Македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков е полна со предизвици и идеи. Постојано на ум и паѓаат нови нешта, како да го збогати репертоарот на вежби, арсеналот на движења и потези за размрдување на телото, а при тоа вежбањето да не биде здодевно… Да не прерасне од здрава навика во жива досада.
Токму затоа, згодната инструкторка реши да ги спои своите пилатес вештини со водителското ТВ искуство, па нешто што го работела на обете полиња да го примени, фузирајќи го убавото и корисното. Патем, умната пилатес инструкторка со својот „нов изум“ случајно или намрно, врши и уште една работа, уште една света мисија: зачувување на својот мајчин јазик, во случајов македонскиот.
За таа цел остроумната Снеже, за да ја разбие монотонијата при повторувањето на вежбите ги вметна македонските песни како подлога, како фон или лајт – мотив за вежби и движења во ритам на македонската музика. Стари или нови хитови, шлагери или евергрини, рап, рок или ар ен би, џез или блуз, рокери и народњаци, фолкери и забавњаци… не важно! Важно е да не здодевно, глуво и празно! Се’ што може да ти послужи за да ти го крене расположението и да те мотивира да мрдаш во ритмот на музиката за танцување е прифатливо како разубавување на моментот, за „билдање здраво тело и во него здрав дух“! Важно е само да се има слух… И за музика и за гимнатика, пардон за пилатес!
Затоа Снеже со практичен пример покажа како тоа се прави, па ги повика сите што ја следат на социјалните мрежи да пробаат, но и да дадат своја предлог песна.
„Кога си го разбираш јазикот полесно се вежба. Си ставам предизвик пред себе следниве денови да користам исклучиво македонски ритам за вежби… Оти и ние си имаме топ ритам за склекови, за чучнувања и скокање!“ – порача Снеже Велков демонстрирајќи ја практично идејата со македонскиот фестивалски евергрин: „Како Вардар ќе дотечам“ на легендарниот Зафир Хаџиманов!
И мора да признаеме, дека пилатес кореографијата совршено и прилега… И вежбите се лесни ко песна, само треба песната да ти се погоди…
„Ама, како што и самата Снеже вели, за добро вежбање, нема лоша песна“ – па побара да и праќаат предлози. Нас баш не интересира како би изгледала пилатес кореографијата за „Сакаш само секс“ на Тамара Тодевска, на пример?
До душа јазикот во неа е „мешовит“, ама и половина од песната која е на македонски би требало да заврши работа? Впрочем просечна пилатес вежба белким трае отприлика колку и просечен оргазам?
Преземено од vistina.com.mk